Одобрени бескаматни кредити за поддршка на 136 компании

Bez autora
Apr 09 2020

Mинистрите во Владата на седница ја разгледаа и усвоија информацијата за барањата што ги исполнуваат критериумите од јавниот повик бр.1 за кредити од кредитната линија од Посебниот кредитен фонд (ПКФ) со цел намалување на последиците од коронавирусот Ковид-19.

Владата ја задолжи Развојната банка на Северна Македонија АД да склучи договори за кредит со кредитобарателите што ги исполнуваат условите и критериумите за бескаматни кредити. Според информацијата на Развојната банка, од обработените барања условите ги исполниле 136 компании со 1.737 вработени и на нив им се одобруваат бескаматни кредити во вкупен износ од 1.263.079 евра.

Од овие 136 компании апликанти, 96 отсто се компании до 10 и компании до 50 вработени, што покажува дека средствата од бескаматната линија „Ковид1“ примарно ќе стигнат до микро и малите компании. Доставата на информации со обработени кредитни апликации, кои исполнуваат услови до Владата, ќе се одвива редовно на неделно ниво сè додека не се исцрпат во целост средствата од кредитната линија „Ковид1“, односно од кредитната линија од Посебниот кредитен фонд (ПКФ), со цел намалување на последиците од коронавирусот Ковид-19.

Најдоцна до крајот на неделата Развојната банка ќе стапи во контакт со сите компании чии кредитни апликации беа одобрени на денешната седница на Владата заради реализација на договорите за кредит.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik